- Претседателот Хојер предложува да се зголеми придонесот на ЕИБ кон инцијативата за зелена енергија REPowerEU од 30 милијарди евра на околу 45 милијарди евра
- ЕИБ очекува да мобилизира 100 милијарди евра, 1/3 од целта на Глобалната порта на ЕУ од 300 милијарди евра, за решавање на глобалните предизвици според иницијативата на Глобалната порта на ЕУ
- Како одговор на Законот за намалување на инфлацијата на САД, претседателот Хојер ја повикува ЕУ да ја „засили“ посветеноста кон нето-нула
Претседателот на Европската инвестициска банка, Вернер Хојер, изјави дека, зависно од одобрувањето на нејзините раководни органи, ЕИБ е подготвена веднаш да го зголеми својот придонес кон Планот REPowerEU од моменталниот пакет од 30 милијарди евра на 45 милијарди евра како дополнително финансирање. Ова ќе мобилизира повеќе од 150 милијарди евра инвестиции за поддршка на зелените технологии и независноста на Европа од енергија од фосилни горива, изјави Хојер во неговиот свечен воведен говор наФорумот на групацијата ЕИБ, во Луксембург.
“„Во ЕИБ, подготвени сме да ја одиграме нашата улога во Европската инвестициска иницијатива што ја поддржува компетитивноста на Европа и одржува изедначено ниво на игра на единствениот пазар“, изјави Хојер. „Европската инвестициска банка има капацитет да стане клучен финансиски столб на иницијатива за да нѐ подготви за Ерата на нето-нула“.
ЕИБ потпиша рекордно финансирање за проекти од областа на енергијата што ја забрзаа транзицијата на ЕУ кон нето-нула минатата година и подготвена е да направи „уште повеќе“ ако земјите-членки ја поддржат со соодветните мерки што би го овозможиле тоа, изјави Хојер. „Ова, се разбира, треба да се дискутира со нашите раководни органи“, изјави тој.
ЕУ „мора да биде мотивирана од неодамнешната објава за политика во САД и мора да ја засили посветеноста кон нето-нула“, додаде Хојер, мислејќи на Законот за намалување на инфлацијата на САД. „Треба да ги измешаме средствата, иницијативите и погодните заеми на ЕУ во едноставни инструменти за финансирање што помагаат да се забрза транзицијата за сите земји-членки на ЕУ, а не само за оние што имаат доволно длабоки џебови да понудат државна помош. Не ни недостасуваат средства за да го направиме ова. Потребна ни е само политичка волја и план што на инвеститорите ќе им даде сигурност и ќе привлече приватен капитал“.
Неодамна стартуваната Иницијатива за европски шампиони во технологијата на групацијата ЕИБ, со која ќе управува Европскиот инвестициски фонд, ќе игра битна улога во исполнувањето на европската компетитивност, изјави претседателот Хојер, опишувајќи како капиталот на раст може да се користи за да се поддржи растот на европските бизниси, обезбедувајќи им ресурси за да остварат глобално влијание.
Претседателот Хојер го истакна и значењето на новата гранка за развој на ЕУ, ЕИБ Глобално, во поддршката на иницијативата на Глобалната порта на ЕУ. Тој изјави, „ЕИБ, преку својата гранка за развој, ЕИБ Глобално, е на добар пат да овозможи барем една третина од 300 милијарди евра во инвестиции што Глобалната порта се стреми да ги поддржи до 2028 година. Европа мора да го подобри своето политичко и економско присуство во светот и да се афирмира. ЕИБ Глобално е клучен дел од ова залагање. “
На отворањето на првиот Форум на ЕИБ во Луксембург, претседателот Хојер изјави дека „новата средина бара од сите нас да се адаптираме и, во некои случаи, повторно да ги измислиме тркалата што нѐ придвижуваат. Оттука е и темата за овој Форум: „Адаптирање кон светот што се менува”.”
Прочитајте го целиот говор тука.
Дознајте повеќе за првиот Форум на ЕИБ и агендата тука.