- Малите и средни претпријатија кои користат заеми од ЕИБ пријавуваат 15 дополнителни работни места за секој 1 милион евра заеми поддржани од ЕИБ и повисоки инвестиции (зголемувајќи го фиксниот капитал за 35 %) од другите слични фирми.
- Влијанието врз вработувањето е посилно за фирми што претходно немале пристап до финансии, што ја покажува важноста на поволните услови на пазарот што се добиваат со заемите од ЕИБ.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) беше битна при поддршката на заеми за МСП во Западен Балкан уште од 2008 година. Во тоа време, таа финансираше заеми за 28 400 компании при поволни финансиски услови.
„Влијанието на среднорочните заеми на ЕИБ за бизнисите во Западен Балкан“ објавено денес, го проценува влијанието на среднорочните заеми на ЕИБ за МСП во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија помеѓу 2009 г. и 2023 г.
Најбитните заклучоци вклучуваат:
Позитивно влијание врз вработувањето: МСП кои користат заеми од ЕИБ пријавуваат порастот на вработеноста од 15 %, надминувајќи ги сличните фирми кои не добиле среднорочни заеми од ЕИБ. Влијанието соодветствува на приближно 15 дополнителни работни места за секој 1 милион евра издадени заеми од ЕИБ.
Зголемени инвестиции: Фирмите кои добиваат заеми од ЕИБ имаа зголемување од 20 % на вкупниот капитал и значајно зголемување од 35 % во фиксниот капитал споредено со оние без поддршка од ЕИБ, што ја покажува способноста на финансирањето од ЕИБ да им овозможи на МСП да инвестираат во средина со ограничен кредит.
Посилно влијание за фирми со ограничен пристап до финансии: Студијата заклучи дека позитивните ефекти од среднорочните заеми на ЕИБ врз вработувањето се поистакнати за фирмите кои претходно немале пристап до финансии. Ова покажува дека поволните услови на пазарот што ги нуди ЕИБ се особено корисни за овие бизниси.
Зборувајќи за извештајот, Киријакос Какурис, потпретседателот на Европската инвестициска банка, изјави: „Среднорочните заеми на ЕИБ играат клучна улога во негувањето на растот и економскиот развој на МСП во Западен Балкан. Позитивното влијание врз вработувањето и инвестициите уште повеќе го истакнува значењето на поддршката од ЕИБ за решавање на финансискиот јаз и придвижување одржлив економски раст во регионот. Посветени сме на тоа да ја продолжиме нашата поддршка на приватниот сектор во регионот“.
Покрај тоа, Дебора Револтела, главниот економист во Европската инвестициска банка, истакна: „Оваа студија ги покажува позитивните ефекти од финансирањето на ЕИБ врз овозможувањето на бизнисите да инвестираат, да се прошируваат и да придонесуваат за долготрајниот развој на регионот. Исто така, ја истакнува клучната улога на ЕИБ во промовирањето на финансиската инклузија со давање пристап на МСП за првпат до финансии од банкарски заеми“.
За повеќе информации за студијата, погледнете ја објавата овде.
За ЕИБ
Европската инвестициска банка е институција за долгорочно кредитирање на Европската Унија во сопственост на нејзините земји-членки. Таа обезбедува финансии и експертиза за проекти што придонесуваат за целите на ЕУ. Групацијата ЕИБ тесно соработува со партнери од јавниот и приватниот сектор за поддршка на одржливи инвестиции, создавање работни места, економски раст и иновации низ Европа.